Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

СТАТУТ НА СЛОВЕНЕЧКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ФРАНЦЕ ПРЕШЕРН – СКОПЈЕ

(Пречистен текст)

Скопје 2011 година

Врз основа на член 6, 16, 18, 23 и 24 од законот на здруженија и фондациите на РМ (Сл.весник на РМ 52/2010), член 14 од Статутот на Словенечко Здружение Франце Прешерен Скопје и одлуката за промена на седиштето, Собрание на здружението, на седницата одржана на ден 00.03.2011 година, го донесе следниот:

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Словенечко здружение Франце Прешерн од Скопје е здpужение на граѓани, формирано со слободно и доброволно здружување заради задоволување на своите лични и заеднички цели и интереси и остварување на целите и задачите предвидени со Програмата и овој Статут.

Здружението е неполитичко, непартиско, невладино и непрофитабилно здpужение на граѓани, кое дејствува на територијата на Република Македонија.

Член 2

Словенечкото здружение Франце Прешерен – Скопје е правен следбеник на Словенечкото друштво Франце Прешерен – Скопје запишано под реден број 1676 од 30.09.1994 година со решение Уп.бр.10-7763/1 на Градска управа за внатрешни работи – Скопје.

Член 3

Здружението има својство на правно лице, со права и обврски кои произлегуваат од Уставот и законите на Република Македонија.

II. ИМЕ И СЕДИШТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 4

Името на здружението е: СЛОВЕНЕЧКО ЗДРУЖЕНИЕ ФРАНЦЕ ПРЕШЕРЕН – Скопје (во натамошен текст: здружение).

Sedež: Ul. 11-ti Oktomvri 42-a, 1000 Skopje, R. Makedonija Dom na humanitarni organizacii Dare Džambaz 2 kat, soba br. 48

Член 5

Здружението има свој печат и штембил.

Печатот е тркалезен и го содржи името на здружението: Словенечко здружение Франце Прешерен Скопје напишано со кирилично писмо на македонски јазик.

Штембилот на здружението е правоаголен и на него е испишан следниот текст: Словенечко здружение Франце Прешерен Скопје со празно место за број и дата, стои годината и Скопје.

III. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 6

Основни цели и задачи на здружението е создавање на амбиент и активности за зачувување на националните, традиционалните, културните и научните вредности на Република Словенија во Република Македонија, како и одржување и подобрување на односите помеѓу двете земји.

Член 7

Граѓаните се здружени во здружението заради задоволување на своите лични и заеднички цели и интереси, а како посебни цели и задачи се:

  • меѓусебно запознавање и дружење;
  • негување и изучување на словенечкиот јазик;
  • негување на народните обичаи, песни и танци од Словенија;
  • прославување на државните и културните празници на Република Словенија;
  • организирање на деловни, научни и туристички патувања во Словенија и Македонија (или други земји во посета на словенечки здруженија);
  • афирмација и презентација на националното, културното и историското богатство на Словенија во Република Македонија и обратно;
  • активна соработка со научни и културни институции на Република Македонија;
  • негување на пријателството помеѓу граѓаните на Република Македонија и Република Словенија;
  • создавање на услови за редовно снабдување со словенечкиот печат и со литература на словенечки јазик;
  • квалитетна и постојана соработка со дипломатското претставништво на Република Словенија во Република Македонија;
  • давање на соодветна помош и заштита на членовите на здружението како и на граѓаните на Република Словенија кои привремено престојуваат во Република Македонија и на кои им е таа помош потребна;
  • создавање на услови и обезбедување на радио и ТВ емисии на словенечки јазик;
  • соработка со други друштва и здруженија кои имаат исти или слични цели;
  • поттикнување на активноста на членството во остварување на целите и задачите на здружението.
Член 8

За остварување на своите цели и задачи здружението ќе основа:

  1. свои работни тела (комисии), секции кои ќе работат согласно претходно донесена програма.
  2. библиотека, читална, видеотека, и аудиотека преку кои ќе набавува книги, списанија, видео и аудио касети, кои ќе им бидат на располагање на членовите.
  3. Во рамките на здружението ќе се остварува дополнителна настава по Словенечки јазик.
  4. Во остварувањето на целите и задачите, здружението ќе организира курсеви за усовршување на словенечкиот јазик, приредува литературно-книжевни приредби и средби, разни научни и популарни предавања, проекции на филмови, другарски средби, забави, излети, екскурзии, јавни изложби и други културно-забавни манифестации, размена на аматерски, културни и спортски друштва и др. Ги одбележува, негува и прославува сите словенечки обичаи и работи на зачувување на истите.
  5. Врз основа на годишните програми ги поддржува и организира различните настапи и програмски активности на камерниот мешан хор во состав на здружението и другите секции, како и дава помош и поддршка на активности од дополнителната настава по Словенечки јазик и култура.
  6. Соработува со амбасадата на Р.Словенија во Р. Македонија, Министерство за култура на РМ, Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје, и останатите институции, потоа Словенечки претпријатија во Р.Македонија и Р.Словенија, и останатите претпријатија во Р. Македонија.

IV. ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 9

Органи на здружението се: Собрание, Управен одбор, Надзорен одбор и Суд на честа.

Претседателот на здружението, членовите на: Управниот одбор, Надзорниот одбор и Судот на честа, својата функција ја обавуваат волонтерски и доброволно. Сите се избрани од Собранието и за својата работа одговараат пред Собранието.

Собрание
Член 10

Собранието е највисок орган на здружението и го сочинуваат сите членови.

Собранието, по правило, одржува седница најмалку еднаш годишно.

Седницата на собранието може да биде Редовна и вонредна.

Редовна седница здружението одржува еднаш годишно на која се разгледува извештајот за работењето на здружението и финансискиот извештај на здружението.

Вонреднa седница на собранието се одржува по потреба.Вонредна седница на собранието може да се одржи по писмено барање на една третина од членовите на здружението или по предлог на Управниот одбор.

Во писменото барање за одржување на вонредна седница, предлагачот ги наведува и причините за свикување на седницата.

Вонредната седница на Собранието се одржува најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за одржување.

Член 11

Седница на Собрание свикува Претседателот на Здружението во име на управниот одбор, најмалку 14 дена пред одржување на седницата.

Седница на Собранието се свикува и по предлог на Управниот одбор на здружението или на една третина од вкупниот број членови на Здружението.

Ако Претседателот на Здружението во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Управниот одбор, при што нее потребна согласност на Претседателот, или пак иницијаторите.

За одржувањето на седницата, членовите ќе бидат известени преку соопштение на ВЕБ страната на здружението, со доставени покани и огласено на огласна табла.

Во соопштението ќе биде напишан и Предложениот Дневниот ред.

Член 12

Седницата на собранието ја води Работно претседателство составено од Претседател и двајца членови со мандат од времетраење од седницата на Собранието.

Работното претседателство по предлог на Управниот одбор, или по предлог на присатните членови се избира на самата седница со мнозинство гласови.

Собранието на здружението од редовите на своите членови избира: Управен одбор кој е извршен орган на Здружението, Претседател на Управниот одбор кој е и претседател на здружението, и Суд на честа.

Член 13

За отпочнување на Седницата на Собраниео, потребно е да се присутни повеќе од една половина од вкупниот број на членовите.

Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство на гласови од присутните членови.

Доколку во закажаниот термин не се присатни повеќе од половина од вкупниот број на членови, почетокот на седницата се одлага за 30 минути. По истекот на тоа време, собранието полноправно одлучува само ако се присатни најмалку 30% од вкупниот број на членовите.

Собранието во овој случај одлуките ги донесува ако за нив гласаат најмалку 70% од присутните членови.

Доколку и во овој термин не се присутни најмалку 30% од вкупниот број на членовите, седницата на Собранието се презакажува.

Член 14

Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство на гласови од присутните членови.

Гласањето е јавно, освен за исклучување на член од здружението, кое е тајно, или во колку присатните со мнозинство гласови одлучат да биде тајно.

Член 15

Во надлежност на Собранието е следното:

врши и други работи во согласност со Статутот и актите на здружението.

  • го донесува Статутот, програма и други акти на здружението;
  • усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештај и го објавува на својата ВЕБ страница, и огласна табла на здружението
  • доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа
  • одлучува за промена на целта на здружението,
  • одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органите на здружението,
  • избира и разрешува членови на органите,
  • одлучува за статусните измени на здружението,
  • донесува одлуки, заклучоци и препораки за решавање на прашања во интерес на здружението,
  • одлучува за основање на трговски друштва,
  • одлучува за престанок на здружението со двотретинско мнозинство гласови од сите членови на здружението,
  • одлучува за здружување или одделување од друго здружение и за зачленување во сојузи и меѓународни организации;
  • одлучува и за други прашања кои не се во надлежност на другите тела на здружението;
Управен одбор
Член 16

Управниот одбор на здружението e извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на здружението во согласност со Статутот.

Член 17

Управниот одбор на здружението e извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на здружението во согласност со Статутот.

Управниот одбор на здружението брои 5 (пет) члена односно Претседател на здружението и 4 (четири) члена.

Мандатот на членовите на Управниот одбор е 2 (две) години со можност за повторен избор.

За член на Управен одбор може да бидат предложени кандидати кои ќе имаат писмена поддршка од најмалку 10 члена на здружението.

Од овие кандидати се избираат (4) четири кандидати кои ќе добијат најмногу гласови.

Гласањето за избор на членови за Управен одбор е тајно.

Предлозите за кандидати треба да се достават до Управниот одбор, најмалку 10 десет дена пред одржувањето на Собранието.

Секој член на здружението може да даде поддршка само на 4 (четири) кандидати.

Неблаговремено доставените предлози нема да се земат во предвид.

Член 18

Управниот одбор за својата работа е одговорен пред Собранието на здружението.

Управниот одбор се состанува и одржува седници по потреба.

Седницата на Управниот одбор ја свикува и води Претседателот на здружението.

Член 19

Одлуките на Управниот одбор се полноважни доколку за нив гласале најмалку тројца од присутните членови вклучувајќи го и гласот на Претседателот.

Управниот одбор може да работи доколку се присутни најмалку два члена и Претседателот на Управниот одбор.

Член 20

Во надлежност на Управниот одбор е следното:

  • спроведување на статутарните и програмските задачи на здружението, како и одлуките и заклучоците на Собранието;
  • донесување и реализирање годишна програма за работа;
  • предлагање измени и дополнувања на Статутот;
  • донесување соодветни правилници, прифаќање спогодби и договори;
  • свикување седници на Собранието и припремање материјали;
  • донесување одлуки за формирање на постојани и повремени комисии и насочување нивната работа;
  • донесување одлуки за награди, пофалници и признанија;
  • подготвување годишен или периодичен извештај за својата работа;
  • вршење прием на нови членови на здружението и исклучување од здружението по предлог на Судот на честа;
  • донесување одлуки за висината на чланарината и уписнината;
  • управување со финансиите и подготовка на финансиски извештај и пресметка на приходи и расходи;
  • вршење на други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на здружението.

Претседател на Управен одбор (Претседател на здружението)

Член 21

Собранието избира Претседател на Управниот одбор, односно на здружението (во понатамошниот текст: претседател) со мандат на траење од 2 (две) години со можност за повторен избор.

Претседателот на здружението по функција е Претседател и на Управниот одбор.

Кандидатот за Претседател на здружението може да биде деловно способно физичко лице кое има живеалиште и престојувалиште на теритоијата на Р.Македонија.

Кандидатот за Претседател на здружението мора да биде со Словенечко потекло, да го зборува Словенечкиот јазик.

Кандидатите за Претседател на здружението треба да приложат писмена поддршка од најмалку 15 члена на здружението.

Предлозите на кандидати за Претседател треба да се достават до Управниот одбор, најмалку 10 десет дена пред одржувањето на Собранието

Секој член на здружението може да даде писмена поддршка само за еден кандидат за Претседател.

Неблаговремено доставените предлози нема да се земаат во предвид.

Гласањето за избор на Претседател на здружението е тајно.

Претседател е кандидатот за кого гласале мнозинството од присутните членови, согласно критериумите за утврдување на кворум од член 13 став 1 и став 4.

Член 22

Претседателот на здружението ги има следните принадлежности и обврски:

  • Претседателот е законски застапник на здружението,
  • Раководи со работата на здружението во согласност со годишниот план за работа, а во согласност со Уставот и законите на Република Македонија и статутот на здружението,
  • Го претставува и застапува здружението и ги врши протоколарните функции на прием и контакти со домашни и странски државни органи, и со претставници на меѓународни здруженија и организации,
  • Го потпишува Статутот и сите други акти на собранието,
  • Потпишува Одлуки што се однесуваат на тековните работи на здружението,
  • Ги извршува Одлуките и Заклучоците на собранието, програмските цели и задачи на здружението,
  • Предлага програма за работа на здружението,
  • Води грижа за материјално-финансиското работење на здружението,
  • На годишно собрание поднесува извештај за финансиско-материјално работење на здружението и извештај за работата на здружението за изминатата година.
  • Извршува и други работи кои се во интерес на здруженито.
  • За својата работа е одговорен пред Собранието.
  • Во случај да Претседателот на здружението, не ги врши своите задачи во согласност со целите и задачите на здружението, истиот ќе биде одповикан од собранието на истиот начин на кој е избран.
Член 23
Надзорен одбор3

Надзорниот одбор е орган кој го следи спроведувањето на одлуките на Собранието преку целокупната работа на Здружението, ја следи примената на Статутот и врши контрола на наменското користење и располагање со материјално-финансиските средства на Здружението.

Надзорниот одбор го сочинуваат 3 (три) члена кои се предлагаат и избираат со јавно гласаење непосредно на самото Собрание со мандат од 2 (две) години.

Претседател на Надзорниот одбор го избираат самите членови меѓу себе.

Органите и членовите кои извршуваат задачи од материјално-финанскиската област, должни се на барање на Надзорниот одбор, да ги достават на увид побараните податоци и документи.

Членовите на Надзорниот одбор може да присуствуваат на седниците на Управниот одбор, но без право на одлучување. Надзорниот одбор подготвува и поднесува годишен извештај за својата работа пред Собранието.

Надзорниот одбор за својата работа е одговорен пред Собранието.

Член 24
Суд на честа:

Судот на честа е мировно-судски орган на здружението.

Судот на честа го сочинуваат три (3) члена, со мандат од две години, кои се предлагаат и избираат со јавно гласање непосредно на самото Собрание.

Претседателот на Судот на честа го избираат самите избрани членови меѓу себе.

Судот на честа расправа и одлучува за следните случаи:

  • Судири и караници помеѓу членовите на здружението,
  • Грубо кршење на одредбите од Статутот на здружнието,
  • Грубо кршење на обврските и злоупотреба на правата во доверената работа,
  • Однесување на поедини членови со кое се нарушува угледот на здружението,
  • Други случаеви и ситуации кои може да имаат штетно влијание на работата и угледот на здружението или на некој од неговите членови.

За утврдените грешки односно прекршоци, судот на честа може да изрече:

  • Опомена, Јавна опомена, и Предлог за разрешување од функција, односно исклучување од членство, или учество во некои органи.
  • Одлуките се полноважни ако се присатни три члена и за нив гласаат повеќето.
  • Предлозите за последните две мерки, судот на честа ги доставува до Собранието и Управниот одбор на здружението, а до донесување на конечната одлука се ставаат во мирување сите права и обврски од членството.
  • За својата работа Судот на честа на Собранието му поднесува годишен извештај.
Член 25
Благајник:

Благајникот на здружението ги има следните задолженија:

  • Да ракува со паричните средства во готово,
  • Да врши наплата на членарина, школарина и доброволни прилози,
  • Да врши наплата и исплата во готово,
  • Да поднесе писмен извештај до претседателот на здружението, за финансиското и материјалното работење со готовината.
  • Секој прилив и одлив на финансиски средства мора да биде поткрепен со писмен документ.
  • На барање на Управниот одбор, должен е да даде Преглед на финансиските средства во готовина, со кои располага.

V. УПРАВУВАЊЕ СО ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 26

Со здружението управува членството непосредно или преку свои претставници во органите.

Права на членовите на здружението се:

  • да учествува во работата на седниците на здружението,
  • да избира и да биде избран во органите на здружението,
  • да предлага решавање на прашања од заеднички интерес,
  • да биде известен за сите активности во здружението,
  • да ги користи просториите, опремата и инвентарот на здружението,
  • да бара стручна и друга помош од здружението;

Обврски на членовите нa здружението се:

  • да присувствува на редовното годишно и другите собранија на здружението,
  • да работи на развивање и унапредување на интересите и активностите кои произлегуваат од Статутот, програмските цели и задачи и усвоените одлуки и заклучоци;
  • да ги спроведува во целост одредбите од Статутот и програмските активности;
  • да ги застапува интересите и ставовите на здружението;
  • да бара стручна и друга помош од здружението;
  • да плаќа члeнарина, најдоцна до крајот на тековната година.
  • домаќински да се однесува спрема просториите, имотот, и материјалните средства.

VI. ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 27

Здружението е непрофитабилна организација.

Финансиски и материјални средства здружението добива од:

  • фондови од Република Словенија,
  • фондови од Република Македонија,
  • члeнарина;
  • донации; подароци, завештанија,
  • спонзорство;
  • провизии од органи и организации, заедници и од други услуги;
  • приходи остварени по пат на организирани собири, свечености
  • од трговски друштва;
  • проекти,
  • од други услуги и извори.
Член 28

Користењето и располагањето со средствата на здружението добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите законски норми.

Финансиските средства на здружението се употребуваат за остварување на целите на здружението определени со статутот и годишната програма.

Претседателот и членовите на управниот одбор се должни да управуваат и работат со средствата со внимание и во согласност со начелата на добро управување, во интерес на здружебието, а над личните интереси, односно во интерес на остварување на целите, во согласност со законот и статутот на здружението.

Член 29

За користењето и располагањето на средствата одлучуваат органите на здружението согласно надлежностите утврдени со овој Статут.

Здружението има една денарска и една девизна сметка.

Органите на здружението задолжени за користење и располагање на финансиските средства, се одговорни за готовинското и плаќањето преку сметка.

Органите задолжени за користење и располагање со средствата, должни се целиот прилив и одлив на готовински финансиски средства да го поткрепат со пишан документ.

Здружението донесува годишен финансиски план за приходите и расходите на здружението.

VII. ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 30

Здружението го претставува и застапува во правниот промет и спрема трети лица во јавноста, Претседателот на здружението.

Правата и обврските, застапникот на здружението ги врши во согласност со закон, статутот и актите на здружението.

VIII. УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРИСТАПУВАЊЕ И ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 31

Член на здружението може да биде секој полнолетен граѓанин, државјанин на Република Македонија како и странски државјани-симпатизери на здружението кои доброволно ќе пристапат кон здружението и ќе ја прифатат програмата и Статутот на здружението со давање на писмена изјава.

Зачленувањето во здружението се врши со пристапница, односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членството во здружението, задолжително се враќа.

Здружението за своите членови води регистар на членството, кој се ажурира еднаш годишно.

Член 32

Членството во здружението може да престане со: доброволно истапување, со исклучување и бришење од евиденцијата, престанок на работа на здружението, и со смрт на членот.

За доброволно истапување, членот до Управен одбор поднесува писмен акт за јасно изразената желба, за престанок на членството, и должен е да ја врати членската книшка.

Исклучувањето на членот од здружението се врши доколку истиот не ги почитува основните начела утврдени со Статутот на здружението и другите акти, а со своето однесување го нарушува угледот на здружението, а по предлог на Судот на честа.

Бришењето од евиденција на членот на здружението, се врши доколку членот не плати чланарина за тековната година, најдоцна до крајот на тековната година.

Бришењето од евиденција го констатира и одлучува Собранието на предлог на Управниот одбор.

IX. ОСТВАРУВАЊЕ ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 33

Работата на здружението е јавна.

Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на членовите на здружението за сите облици на работење, Огласна табла на здружението, на ВЕБ страната на здружението, и редовните средби во здружението, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работата на органите и телата на здружението, за материјално-финансиското работење и друго.

Годишниот финансиски извештај за материјално-финансиското работење, за изминатата година, се објавува на Огласна табла, на ВЕБ страницата на Здружението, и на редовните седници на Собранието, и тоа најдоцна до 30 Април тековната година.

Член 34

Претседателот на здружението е надлежен за известување за членството преку соопштенија дадени на состаноци и за известување на јавноста за работата и одлуките на здружението преку соопштенија дадени во јавните медиуми.

X. ПРЕСТАНОК НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 35

Здружението ќе престане со работа ако за тоа одлучат членовите на здружението, ако бројот на членовите се намали под бројот определен за основање, ако настапат причини утврдени во член 63 од Законот за здруженија и фондации на РМ.

Одлука за престанок на здружението донесува Собранието со двотретинско мнозинство на членовите на здружението.

Член 36

По престанокот на работата на здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во здружение на граѓани кое ќе го определи соодветното министерство односно на некоја хуманитарна организација.

XI. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 37

Измени и дополнувања на овој Статут се вршат по иста постапка како и за негово донесување.

Член 38

Овој Статут влегува во сила со денот на донесувањето.

Со влегување во сила на овој Статут, престанува да важи Статутот на Словенечкото здружение „Франце Прешерен“ – Скопје бр. 03/1 oд 14.04.2008 година.

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕ

Анастазија Рибарски, дипл. соц. раб., с. р.
Бр. 03-1
Скопје 31.03.2011 година